Нема да
коалицирам со ова раководство на СДСМ после парламентарните избори, лидерот на
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и претседателски кандидат, Максим
Димитриевски.
Тој кажа дека
постизборно коалицирање на неговата партија ќе зависи од платформа за заштита
на македонските национални интереси која ќе биде основа за понатамошни
соработки, со исклучок на актуелната владејачка гарнитура, за која има низа
забелешки и смета дека дел од нив треба да одговараат пред правосудните органи.
„Со сите имам
принципиелни односи, но во било каков момент исклучувам било каква соработка со
ова актуелно раководство на СДСМ, бидејќи тоа ја сноси најголемата одговорност
зошто една државотворна партија се трансформираше во партија каква што е
денеска, партија која се откажа од крушевските и АСНОМ-ските принципи, тоа е
недозволиво. Јас пораснав во таа партија, но за жал ниту тогаш, ниту сега се
согласувам со ова и претходното раководство. Ја гледам вината и одговорноста и
не гледам соработка со нив. Гледајќи ги нештата помеѓу двата големи субјекти,
нема да ме изненади коалиција помеѓу раководствата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, во тој
случај ЗНАМ ќе остане со граѓаните, ќе бидеме конструктивна коалиција. Во секој
случај, одбивам коалиција со ова раководство на СДСМ и многу од тие кои
имплементираа власт треба да одговараат“, посочи Димитриевски, за А1.он.
За можни коалиции
со било кого, вели дека Движењето ЗНАМ ќе понуди Национална платформа која ќе
помогне во делот на имплементација на реално мултиетничко општество.
„ЗНАМ по
парламентарните избори, бидејќи сметам дека нема да има влада без овој нов
политички субјект, пред да влезе во било какви преговори со партиите, ќе понуди
Национална платформа од кои ќе побара истата да ја поддржат и да ја потпишат.
Таа платформа ќе помогне и во мултиетничкото општество, бидејќи ако вие не се
разберете во македонскиот блок, залудно е да трошите време да формирате
мултиетничко општество со другите заедници, иако кај нас се формира биетничко
општество“, додаде претседателскиот кандидат од Движењето ЗНАМ – За наша
Македонија.