logo
logo
logo

Димитриевски: И по 8 години нема одговор кој е сценарист, а кој е режисер на настаните во Диво Насеље

Vecer | 09.05.2023

Димитриевски: И по 8 години нема одговор кој е сценарист, а кој е режисер на настаните во Диво Насеље

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вели дека и по осум години од ужасот во кумановската населба Диво Насеље, се уште јавноста не ги доби одговорите кој го осмислил, и кој бил режисер на тој настан.

„До денешен ден и после 8 години за жал нема одговор на прашањето кој е сценаристот, а кој е режисерот на настаните во Диво Насеље во Куманово.

НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ - Вечна им слава на бранителите!“, напиша Димитриевски на својот официјален фејсбук профил.

Инаку, пред точно осум години во вооружена престрелка во кумановската населба „Диво насеље“ загинаа 8 припадници на полициските сили.

Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ кои посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија од страна на тогашниот претседател Ѓорге Иванов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk