logo
logo
logo

ДИК го презеде избирачкиот материјал за вториот круг на локалните избори в недела

Vecer | 28.10.2021

ДИК го презеде избирачкиот материјал за вториот круг на локалните избори в недела

Државната изборна комисија (ДИК) утрово од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола го презеде доверливиот избирачки материјал што ќе биде користен во вториот круг од локалните избори.

Државната изборна комисија за вториот круг ангажира над 400 лица за техничка поддршка на избирачките места и надминување на проблемите од употребата на апаратите за отпечаток од прст, изјави Александар Даштевски, претседател на ДИК.

Лично сметам дека вториот круг ќе се реализира во најдобар ред и побрзо. Намалената динамика на избирачкиот процес на одредени избирачки места во првиот круг, предизвикана од новата технологија и употребата на фингерпринт во вториот круг ќе биде подобрена за што ДИК спроведе дополнителна обука. Но, ние за вториот круг ангажиравме над 400 лица кои ќе ги има на гласачките места и ќе бидат задолжени за техничка поддршка и помош со цел да нема пречки во процесот на гласање. Првото искуство ни овозможи во вториот круг да влеземе по подготвени, а и избирачкиот материјал е помал, изјави Даштевски.

Во печатницата АД „Киро Дандаро“-Битола за седум денови овој пат се испечатени 1,6 милиони ливчиња од доверливиот избирачки материјал кој во текот на денот ќе го преземат општинските изборни комисии во општините каде в недела ќе има гласање.

„Печатницата го изработи материјалот за првиот круг без никаква грешка, и избирачките ливчиња беа дистрибуирани во најкус можен рок. За вториот круг има помалку материјал кој исто така е исклучително квалитетен со 20 видови заштита и без можности за фалсификување“, посочи Даштевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk