logo
logo
logo

Мицкоски најави инвестиција од канадско-американска компанија од 150 МИЛИОНИ ДОЛАРИ со нови високоплатени 1000 работни места

Vecer | 17.10.2025

Мицкоски најави инвестиција од канадско-американска компанија од 150 МИЛИОНИ ДОЛАРИ со нови високоплатени 1000 работни места

- Изминативе 15 месеци работевме напорно. Знам дека има такви кои ќе речат дека можело повеќе, но и такви кои ќе кажат дека резултатите треба да дојдат побрзо и да не се чека многу. Но сите вие треба да знаете дека затекнавме катастрофално лоши состојби, од кои може слободно да се каже дека почнавме од темелите на државата. И работам секој ден и секој час за да ја извадиме државата на вистинскиот пат. И не сум човек што избрзува, ниту пак брзо лета во облаците, туку ви велам — ова што сега го правиме, создаваме основа за нешто што ќе се гради десетина години.

- Промена на системот и состојбата на умот, една револуција на мислата и излегување надвор од она буре барут во кое нè потопува истото мочуруште – рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоскина вечера, на завршниот митинг во Охрид, пред локалните избори закажани за недела.

Мицкоски уште еднаш нагласи дека по изборите во правосудниот систем ќе влезе лопатата за да се расчисти со криминалот и неправдите.

- Ви говорам за период по изборите, каде ќе треба да влезе голема лопата најправин во судството и обвинителството, каде е сраснато со неправдите и штитењето на криминалот. Еден ресет на системот, без партиска или било каква поделба. Воедно сакам да ви кажам дека втората област каде непрестано ќе продолжиме да работиме е борбата за заштита на животниот стандард и економијата – рече Мицкоски.

Тој на митингот најави и дека Владата е пред договор со огромна канадско-американска компанија за нова инвестиција од 150 милиони долари

- Следната година ќе биде година на економија и повеќе пари и повисок стандард за секого. Работиме на тоа најмногу и со сите сили. И работев на тоа дури и за време на оваа кампања и не мирував. И затоа овде, од Охрид, објавувам убава вест која ќе ги израдува граѓаните, дека сме пред договор со огромна канадско-американска компанија за нова инвестиција од 150 милиони долари и за нови високоплатени 1000 работни места. . Не мирувавме и сме на прагот и на повеќе други инвестиции кои ќе значат подобар живот за сите наши сограѓани. – рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk