Зоран Герасимовски е избран за вршител на должноста претседател на Апелациониот суд Скопје, откако доби поддршка од девет членови на Судскиот совет. Неговиот избор следуваше откако претходниот претдлог Тања Милева да ја презеде функцијата не помина, со само два гласа „за“ од членовите на Советот, додека сите останати беа против предлогот.
За Герасимовски гласаа девет членови на Судскиот совет, додека двајца беа против.
Со тоа, Зоран Герасимовски е избран за вршител на должност претседател на Апелациониот суд Скопје, функција што ќе ја извршува до изборот на нов претседател по редовна постапка.
Герасимовски е долгогодишен судија. За судија во Основниот суд Тетово е избран во 2005 година, а од 2017 година е судија во Апелациониот суд Скопје. Во 2022 година беше избран за член на Судскиот совет од редот на судиите, но во 2023 година поднесе оставка од функцијата, образложувајќи дека поради несогласувања во работата на Советот смета дека поголем придонес може да даде како апелационен судија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата