Осумгодишно дете во скопската населба Пинтија го загуби животот откако било изгризано до смрт од куче.
Според Љубен Арсенков, директор на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ вели дека детето имало голема рана на вратот и расеченица на главата.
„Вчера попладне, во 17.22 часот, во нашата клиника беше донесено осумгодишно дете со сериозни повреди во пределот на главата и вратот нанесени од каснување куче. Во моментот на прием детето е без знаци на живот, со проширени зеници и без срцева акција. Веднаш е направена реанимациска постапка, но, за жал, без успех. Големата рана на вратот, каде што минуваат главните крвни садови, довела до тоа детето да искрвави“, вели Љубен Арсенков, директор на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ за „Макфакс“.
Претходно, МВР соопшти дека кучето што го нападнало детето било на сосед, кој живеел во близина.
„Од ГОБ ‘Св. Наум Охридски’, на 11.4.2023, во 18.25 часот, било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник од Скопје, кој, според пријавеното, им подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н. Г.“, велат од МВР.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата