logo
logo
logo

ДЕТАЛИ ЗА СООБРАЌАЈКАТА КАЈ МАВРОВО: Познат идентитетот на загинатиот

Vecer | 14.04.2021

ДЕТАЛИ ЗА СООБРАЌАЈКАТА КАЈ МАВРОВО: Познат идентитетот на загинатиот

Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајната несреќа што вчера некаде околу 15: 50 часот се случи на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во близина на Ростушки мост.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски истакна дека во несреќата учествувале автомобил „хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки управуван од 68-годишниот А.Ѓ. од Скопје и товарно возило влекач „ман“ со приколка со српски национални ознаки, управувано од 52-годишниот Љ.Д. од Панчево.

-Во несреќата возачот на патничкото возило починал на самото место, а тројцата сопатници од истото возило М.Р.(26), Ј.Т.(30) и Г.Т.(34)  биле пренесени во Скопје за укажување на лекарска помош, информира Јосифоски.

На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Возачот на товарното возило е приведен во Полициската станица Гостивар

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk