од 18 до 21 октомври 2021 година, во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, ќе се одржат „Денови на руската наука“.
Науката е важен сектор во сите аспекти на животот. Ценејќи го трудот и достигнувањата на научниците, претседателот на Руската Федерација Владимир Путин ја прогласи 2021 за година на науката. Во склоп на настанот ќе се одржат четири предавања од различни научни области (вештачка интелигенција, биохемија и молекуларна биологија, земјоделски науки и ветеринарни науки), а на темите ќе говорат академик Љупчо Коцарев, проф. д-р Велимир Стојковски, проф. д-р Евгениј Варисович Камалдинов и проф. д-р р Лариса Александровна Гнездилова.
На свеченото отворање кое ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите на 18 октомври 2021 год. во 11.00 ч., придржувајќи се до сите мерки и протоколи за заштита од COVID-19, ќе се обратат: академик Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија, академик Виктор Антонович Садовничиј, Претседател на Рускиот Сојуз на ректори и ректор на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“, проф. д-р Сергеј Владимирович Позјабин, ректор на Московската државна академија за ветеринарна медицина и биотехнологија „К.И. Скрјабин“, проф. д-р Евгениј Владимирович Рудој, ректор на Новосибирскиот државен аграрен универзитет и проф. д-р Велимир Стојковски, почесен конзул на Руската Федерација во Охрид.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата