Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната ќе биде во интервал од 14 до 22 степена.
Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.
Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата