logo
logo
logo

Демократски сојуз: Масовното прислушување е вршено прку системите на МВР

Vecer | 26.02.2021

Демократски сојуз: Масовното прислушување е вршено прку системите на МВР


Во врска со судската одлука за Таргет-Тврдина, за Демократскиот сојуз од исклучителна важност е тоа што после шест години, Судот потврди дека масовното прислушување е вршено преку системите на Министерството за внатрешни работи, соопшти партијата.

„ Злоупотребена е власта за незаконито и неовластено прислушување на обични граѓани, новинари, бизнисмени, носители на политички и државни функции и многу други, со што директно се загрозени приватноста и основните права и слободи. Прислушувањето е вршено од политички и бизнис интереси, желбата да се владее и да се има неограничена моќ.

Одлуките за осудените нема да ги коментираме почитувајќи го начелото на пресумпција на невиност, но тие ќе имаат силна генерална превенција, во иднина никој да не се осуди да ги крши правата на граѓаните преку нивно неовластено прислушувајте, следење и сл“ додаваат од партијата.

Овој и другите процеси, како што велат, беа проследени со бројни недоследности, непринципиелности, политички притисоци и договарања.

Според Демократскиот сојуз, многу институции потфрлиле, многумина непрофесионално се однесувале, се кршеле и закони, затоа велат дека мора да се истражат докрај и системските грешки, но и кривичната одговорност на сите кои овие шест години ја опструираа правдата.

Криминалот е зло со кое мора да се справиме, мора да изградиме ефикасен систем за борба против криминалот, криминално стекнатиот имот да се конфискува и задолжително да се изрекува мерка забрана на политичко дејствување, порачаа од Демократски сојуз.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk