logo
logo
logo

Дел од кандидатите за градоначалник на Тетово НЕ ставија ПОТПИС на Кодексот за фер и демократски избори

Vecer | 25.09.2021

Дел од кандидатите за градоначалник на Тетово НЕ ставија ПОТПИС на Кодексот за фер и демократски избори

На потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори во Општинската изборна комисија Тетово не се појавија сите кандидати, а еден иако дојде не стави потпис на документот.

Партијата Движење Беса испрати овластен претставник со оглед дека нивниот кандидат Билал Касами како лидер бил на настан во Скопје на кој за фер и демократски избори се потпишаа претседатели на партии во Скопје. Кандидатката на партијата Интегра, Снежана Стојановска не дојде на потпишувањето.

-Свечено кандидатите за градоначалник на Тетово потпишаа кодекс за фер и демократски избори што е законска одредба од изборниот законик, предвидена со член 8в од Изборен законик. Кандидатите за градоначалник ветија дека овие избори ќе водат фер и демократска кампања. Сите беа уредно поканети, изјави Назми Даути од ОИК Тетово.

Кандидатот на Партијата за држава и правда, Африм Ибраими дојде на настанот но не се потпиша на Кодексот.

-Искуството ни покажува дека изборите нема да бидат фер и демократски. Ќе учествувам на изборите, обично не очекувам гласови од Македонците, најавија од двете коалициите како ќе се одработуваат гласовите. Се борам да се променат изборите, има подготвеноста и надеж кај граѓаните, не им е дадена шанса и алтернатива досега, истакна во изјава за медиумите по завршување на настанот, Африм Ибраими.

Кодексот го потпишаа Теута Арифи кандидатка на ДУИ, Хамдија Елезовиќ од СДСМ, Вулент Мурсели од Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и Сади Беџети од ДПА.

-Денес потпишавме заеднички еден документ кој ни беше доставен од ОИК каде што се заложивме за фер и демократски избори. Се надевам дека сите заедно ќе бидеме во процесот со добра комуникација со граѓаните, без изјави за непочитување едни кон други туку и целина и кон сите граѓаните и секако на крајот откако на крајот на оваа кампања ќе биде фер и демократска во која ќе победи тој за кој мнозинството граѓани ќе се одлучат, изјави Теута Арифи.

-Ќе се трудам да бидам фер и да водам позитивна кампања, нема да водам негативна кампања. Очекувам да бидат фер и демократски избори како што е нормално за едно граѓанско општество, изјави Хамдија Елезовиќ.

-Денес дојдовме за да потпишеме кодексот за фер и демократско однесување. Ние го потпишавме и очекуваме да има фер и демократски избори. Ги поздравува противкандидати им посакувам здравје и среќа, изјави Вулнет Мурсели.

-Како и другите избори се надевам дека ќе протекнат во добра атмосфера, луѓето си имаат мислење како ќе гласаат. За нас е важно што со електронската проверка одиме чекор понапред, изјави Сади Беџети.

Гласачите во Тетово имаат избор од седум кандидати за градоначалник како и десет за советнички листи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk