logo
logo
logo

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Охрид

Vecer | 09.01.2026

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Охрид

Утрово најниска температура од -11 Целзиусови степени е измерена на Попова Шапка. Следуваат -9 во Куманово, -8 Скопје-Петровец, Берово, Крива Паланка, -7 Тетово, Демир Капија, Mаврови Анови, -6 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Штип, Виница, Кавадарци, Kрушево, -5 Прилеп, -3 Гевгелија, Претор, -2 Охрид, Битола.

Во изминатите 24 часа до 7 часот најмногу дожд наврнал во Охрид од 5 л/м2, 3 во Маврови Анови, 2 Тетово, Демир Капија, Пожар и 1 л/м2 во Крива Паланка и во Крушево.

Снег со висина од 1 см е забележан во Крива Палнака, посочуваат од УХМР.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните и во северните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk