logo
logo
logo

“Филипче не знае политика - ЗА ПРЕСПАНСИКИОТ ДОГОВОР И БУГАРСКОТО ВЕТО - НЕМАШЕ ЛИДЕРСКИ СРЕДБИ“

Vecer | 09.01.2026

“Филипче не знае политика - ЗА ПРЕСПАНСИКИОТ ДОГОВОР И БУГАРСКОТО ВЕТО - НЕМАШЕ ЛИДЕРСКИ СРЕДБИ“

Движење ЗНАМ за Наша Македонија со загриженост ја следи реториката и

однесувањето на Венко Филипче.

Иако едновремено зборува за европската интеграција на Македонија, денес

повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен само на

партиската фотелја. Жалиме што некогашната државотворна партија, наместо

да делува како силна, конструктивна и иницијативна опозиција која

предлага решенија и води суштински дебати за иднината на државата, се

служи со вулгарен и уличен вокабулар, оддалечувајќи се од вистинскиот

политички дијалог.

Ваквото однесување и реторика на Филипче и СДСМ, предизвикува историски

транфер на разочарани членови од СДСМ кон Движење ЗНАМ - луѓе кои сакаат

конструктивен, реформски и државнички пристап.

Токму поради овој трансфер и растечкото разочарување, Филипче и

раководството на СДСМ се во параноја, обидувајќи се да го одржат

партискиот штит и личната фотелја.

Прашањето кое се наметнува е - дали ваквиот настап на Филипче е само

најава за пат кон Дубаи со златни визи, каде личните интереси се пред

државните?

Тој впрочем одбива да учествува во разговор за клучни државни интереси и

реформските закони кои се дел од агендата за европски интеграции. Ова е

јасна порака дека неговиот приоритет не е напредокот на државата, туку

зачувувањето на лични и партиски позиции.

Тема на лидерската средба е токму она што ја носи Македонија напред -

реформи во правосудството, реформите за јавното обвинителство,

унапредување на безбедноста и слободата на изразување.

Сето тоа е дел од реформската агенда за ЕУ, која има за цел економски

раст и стабилност на државата.

Венко Филипче, за жал, не е научен на ваков дијалог кога станува збор за

државата.

Тој и некогашното владино раководство предводено од СДСМ не ги

дискутираа суштинските теми за иднината на Македонија на овој начин -

Преспанскиот договор или францускиот предлог не беа предмет на лидерска

средба.

Одлуките се носеа зад затворени врати, без јавен дебатен простор, без

грижа за суверенитетот, без почит кон граѓаните - како државата да беше

нивна лична сопственост, а не татковина за сите Македонци.

Филипче е заштитен од систем кој го штити од одговорност за минатите

криминали: провизии од модуларни болници, тендери за јаглен за ЕСМ со

лични подароци, вакцини купувани по двојно високи цени, и трагедијата во

Тетово со 14 живи изгорени луѓе. Сите тие случаи се дел од мрежа на

партиска корупција која го штитела, додека тој молчел и го штител својот

партиски круг.

За разлика од тој систем, сегашната Влада ја води државата кон

стабилност и европска интеграција. Ниту еден корупциски скандал, ниту

еден криминален тендер, ниту еден скандал не ја наруши довербата на

граѓаните.

Аферите на минатата власт - Рашковски, Ковачевски, Мухамед Зеќири,

бегалецот Груби и нивните соработници - се трајно сведоштво за владеење

кое ја постави Македонија во стагнација и пропаст.

Филипче мора да излезе од мафијашкиот филм и од обвинувањата за

„српскиот свет“ - крајно време е да го остави партискиот мит зад себе и

да почне да гледа реално на државата.

Движење ЗНАМ за Наша Македонија го повикува да престане да ја блокира

реформската и европската агенда и да се посвети на вистинските интереси

на државата и граѓаните, наместо на фотељата и на партиските штитови.

Македонија заслужува лидери кои гледаат напред, кои градат консензус за

реформите и за европската иднина, а не лични или партиски позиции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk