logo
logo
logo

На 18 март Ден на жалост во Србија за трагедијата во Кочани

Vecer | 16.03.2025

На 18 март Ден на жалост во Србија за трагедијата во Кочани

Владата на Република Србија на утрешната седница, на предлог на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ќе го прогласи вторник 18 март 2025 година за Ден на жалост во Република Србија поради трагедијата во Република Северна Македонија, соопшти српската влада.

„Премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ и претседателот Вучиќ утринава разговараа за трагедијата во Кочани во Република Северна Македонија, каде голем број граѓани загинаа во пожар во дискотека, по што беше одлучено е 18 март да биде Ден на жалост во Република Србија“,

се наведува во соопштението на Владата.

Претходно претседателот на Србија, Александар Вучиќ изрази длабоко сочувство за трагедијата и изрази подготвеност од страна на неговата држава да помогне.

„Со голема тага ја примив веста за страшната трагедија што ја снајде Северна Македонија. Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, како и солидарност со народот на Северна Македонија во овие тешки моменти. Нашите мисли се со сите оние кои ги загубија своите најблиски и со оние кои се борат за своите животи. Србија е секогаш подготвена да ја пружи секаква неопходна помош, во согласност со своите можности, покрај своите пријатели“,

објави Вучиќ на социјалните мрежи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk