logo
logo
logo

И АЦЕВСКИ ЗАМИНУВА ОД СДСМ

Vecer | 03.11.2025

И АЦЕВСКИ ЗАМИНУВА ОД СДСМ

Нова оставка во СДСМ по заминувањето на потпретседателката Ана Чупевска. Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров и претседател на општинската организација Костадин Ацевски се повлече од функцијата и истовремено побара оставки од лидерот на партијата од целото раководство.

– Иако се вложив целосно, без калкулации, сепак резултатот е лош. Поднесувам неотповиклива оставка од претседател на општинската организација. Верувам дека е исправно и потребно оставка да поднесат и претседателот Филипче и целото раководство на СДСМ. Не само заради лошите резултати туку и заради начинот на дејствување на СДСМ во изминатиот период – порача Ацевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk