logo
logo
logo

Данела по петти пат менува директор на Комунално

Vecer | 29.01.2025

Данела по петти пат менува директор на Комунално

Повторно е сменет директорот на скопското Комунално претпријатие. Досегашниот директор Јетон Незири оди во историја, а на негово место, градоначалничката Данела Арсовска го назначила Сабахудин Рустеми на кого му честитаат и на социјалните мрежи, пишува Република.

Познато е дека Рустеми доаѓа од Сарај и е поддржувач на ДУИ. Куп од споделените објави му се за поддршка за Блерим Беџети, а бил и во кампот на ДУИ пред Уставниот суд, каде беа поставени шатори. Најмногу внимание привлекуваат неговите објави со пречкртаните лица на Стево Пендаровски и сегашната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, но и повикот за бојкот на двата маркети „Стокомак“ и „Кам“.

Според неофицијални информации, Рустеми е ангажиран во Комунална хигиена преку агенција пред неколку месеци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk