logo
logo
logo

Кривична пријава за полицаец кој нападнал обезбедување во скопски ноќен клуб

Vecer | 17.02.2025

Кривична пријава за полицаец кој нападнал обезбедување во скопски ноќен клуб

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против И.Б. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“ по член 383 став 1 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Пријавениот И.Б., вработен како самостоен полицаец – возач во Оддел за специјални полициски операции во Бирото за јавна безбедност при МВР, на 24.01.2025 околу 01.45 часот во ноќен клуб во Скопје агресивно се однесувал кон вработени во обезбедување на објектот, по што и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник и ќе изрече задолжителни мерки да биде суспендиран од своето работно место до завршување на постапката, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk