Дали убиството во „Шиша“ Е ПОВРЗАНО СО ДРУГИТЕ ПРЕСМЕТКИ на скопското подзмје?

На 6 март во Скопје се случи својно убиство откако маскирани лица влегле во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија и со 40-50 куршуми ги убија Енес Исени познат како Љаци и Јетон Кривањева познат како Жила.
Според медиумите неофицијално ова убиство е продолжение на пресметките меѓу ривалските нарко групи во скопско кои се во судир веќе неколку години.
Жила и Љаци наводно припаѓаат на кланот од Грчец, а полицијата го истражува случајот дали се работи за пресметка на скопското подземје.
Како што пишува најновиот број на неделникот „Фокус“, ова двојно убиство има слични елементи со ликвидациите на браќата Камер Идризи и Јонуз Идризи од сојузничкиот клан Бундес од Бутел, според времето и начинот на извршување.
Имено, соговорници на „Фокус“ посочуваат дека сите ликвидации се извршени ноќ пред исламските верски празници:
- 12.5.2021 – Рамазан Бајрам. Убиен – Камбер Идризи од група Бундес.
- 25.4.2022 – Qadr Night. Верниците сметаат дека на оваа ноќ гревовите се простуваат. Убиен е Јонуз Идризи од Бундес.
- 06.3.2023 – Mid-Sha’ban. Се смета за ноќ кога Алах може да им прости на грешниците и се организираат молитви за прошка од Алах за починатите предци. Убиени се Кривањева – Жила и Исеинов – Љаци од Дуќанџик.
Начинот на извршување е ист. Неколку маскирани лица, извршители кои настапуваат како припадници на специјални сили. Според полициски извори, користат логистика на лица кои возат веспи или мотори и ги следат таргетите.
По влез во објект, тие изговориле “Стој, полиција“, не мрдајте”. Убиството е со рафално пукање во глава. Свирепоста укажува дека се испраќа порака. Притоа се хируршки прецизни, добро ги познаваат жртвите и пукаат само во нив.
Користат АК 47 – калашников, кое никогаш не е оставено ниту кога е запалена колата при бегството. Користат иста маршрута на бегање кон Шутка или близина на Визбегово за кон Качанички пат.