logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„Дали Милевски преку ЛДП ја поддржува мафијашката влада на СДСМ/ДУИ, за да си ги вработува роднините“

Vecer | 20.01.2022

„Дали Милевски преку ЛДП ја поддржува мафијашката влада на СДСМ/ДУИ, за да си ги вработува роднините“

Милевски си ја третира партијата како гранапче, затоа молчи за криминалот на СДСМ и ДУИ.  Дури и членови на ЛДП преку медиумите обвинуваат дека Милевски откако е министер си ја вработил сопругата на Клиника, додека баџанакот го поставил за директор во Државна Лотарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека  Милевски има вработено свој братучед во Државната видео лотарија, а кумашинот во Идризово, додека кумашинката си ја вработил во министерството за локална самоуправа.

- Дали Милевски преку ЛДП ја поддржува мафијашката влада на СДСМ – ДУИ, за да си ги вработува роднините во администрација? Владата на СДСМ и ДУИ опстојува само затоа што Горан Милевски издејствувал министерско место за себе и вработување во државни институции на свои најблиски роднини. Горан Милевски ја држи партијата во заложништво и за свој личен и семеен интерес ја поддржува криминалната коалиција СДСМ – ДУИ заради кои сме на 111 место на листата на Транспаренси, заради кои за партизираност и не ефективна администрација не обвинува и Стејт Департментот, потенцираат тие.

Од партијата прашуваа дали пратениците од ЛДП ќе смогнат сили и ќе му кажат не на Милевски и неговиот непотизам, заради кој владее мафијата на СДСМ и ДУИ?

- ВМРО-ДПМНЕ е спремна на избори без техничка влада и една изборна единица, што е главно барање на помалите партии помеѓу кои и ЛДП, еве условите ќе бидат исполнети. Нека смогнат сили пратениците на ЛДП, да изгласаме промени во изборниот законик за една изборна единица, а потоа да одиме на брзи предвремени избори, или ќе останат да му слугуваат на Милевски и неговите роднини, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk