logo
logo
logo

„Дали Максим не е дел од ЦО на СДСМ, ЗАТОА ШТО ИМА СВОИ СТАВОВИ И МИСЛЕЊА?“ (АУДИО)

Vecer | 17.05.2021

„Дали Максим не е дел од ЦО на СДСМ, ЗАТОА ШТО ИМА СВОИ СТАВОВИ И МИСЛЕЊА?“ (АУДИО)

СДСМ на вчерашниот 26 конгрес избра ново раководство на партијата, кое по се изгледа можеби не е изгласано со единствено мислење помеѓу делегатите. Розевата слика од јавниот дел и тоа што беше споделено со медиумите, се разликува од тоа во затворениот дел на конгресот, а таму несогласувања.

Сосема очекувано кумановските делегати револтирани од тоа што градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски не беше кандидат за член на ЦО.

Тие побараа да се стави точка на дневен ред со дополнување на кандидатите.

Борис Станковски од ОО СДСМ Куманово изјави дека состојбите ескалираат во партијата и раководството го елиминира градоначалникот Максим Димитриевски од Централниот одбор.

Според него во последно време се случува некои нелогични работи за кои треба да се дискутира токму на Конгресот бидејќи како што рече проблемите не се ставаат под тепих.

- Пред околу две или три недели  се одржа онлине конференција на ОО на СДСМ во Куманово. На оваа конференција беа донесени предлог кандидати за членови на ЦО на СДСМ и на оваа листа го немаше градоначалникот Максим Димитриевски, а гледам дека го нема ни во четирите кандидати кои што се избрани од страна на Централното раководство, рече Станковски.

Тој во своето обраќање прашува дали Димитриевски што имаше некои свои ставови и свои мислења, дали е тоа причината што тој не е ставен на оваа листа на членови на ЦО на СДСМ, пошто нема никаква логика, како што кажав се прават некои нелогични работи во последно време.

- Не е време за суети, не е време за хајки треба сите заедно да се обединиме, да го решиме проблемот, што е како е во кого е проблемот. Во Централата ли е во Скопје, до општинската организација ли е и барам од работното претседателство името на Максим Димитриевски го стави на листата предлог кандидати за Централен одбор, а до делегатите да се изјаснат дали се За или Против. Затоа што реалноста е една и единствена, а желбите и амбициите се сосема нешто друго, вели тој.

Целото обраќање може да го слушнете на следниот ЛИНК

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk