logo
logo
logo

„Дали Ковачевски ЌЕ ЈА ДОГОВОРИ ЛЕВИЦА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ?“

Vecer | 02.06.2023

„Дали Ковачевски ЌЕ ЈА ДОГОВОРИ ЛЕВИЦА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ?“

Премиерот Димитар Ковачевски ја најави лидерската средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на која освен уставните измени ќе се зборува и за добрососедските односи. Сепак пред средбата ставовите се дијаметрално различни, Мицкоски порача дека уставните измени нема да се случат и дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција нема да гласаат.

Воедно Мицкоски бара на средбата да се разговара и за што откако ќе пропаднат уставните измени, Ковачевски и владата да си поднесат оставки и да се одржат избори. Но, каде е Левица во целата приказна, која има 2 пратеници.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение велат дека Левица е спремна да гласа уставни измени, само за да добие бенефит.

Тие велат дека на Левица не им смета да бидат со СДСМ и ДУИ и тоа се гледа по коалицијата во општина Битола.

Коалицијата на СДСМ и Левица во Општина Битола само ја потврди нивната соработка која почна во Градот Скопје, потенцираат од ВМРО- ДПМНЕ. Оттаму, прашуваат дали „како што СДСМ ја договори Левица за коалиција во Битола и Скопје, ќе ја договори да ги гласа и уставните измени?“

Дали СДС и ДУИ се заортачија со партијата на Апасиев и кој кого држи во заложништво сега?Оваа коалиција на СДС/ДУИ/Левица во Битола само покажува за какви непринципилени субјекти станува збор. Тие не можат да се помират со успешноста на локалната власт во Битола и сега почнуваат да кочат и да опструираат. Граѓаните видоа дека едно зборуваат, а друго прават. Ова е коалиција на Левица која е спремна на се само за да добие некој бенефит, а СДС исто така е спремна се да проголта за да ги реализира своите штетни политики во кои припаѓаат и уставните измени, велат тие.

Левица пак се огласија и ги обвинија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за бугаризација преку лидерската средба.

Левица е единствената кочница во овој погубен процес и канал за артикулација на народната воља во институциите. Водени од заеднички интерес, СДС и ДПМНЕ координирано го спремаат теренот за повторно наметнување на бугарскиот ултиматум кој народот одлучно го одби на минатогодишните протести, велат тие, без да посочат дека на тие протести против бугарскиот ултиматум учествуваше и ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски беше секојдневно на истите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk