logo
logo
logo

СЕМЕЈНА ВРСКА МЕЃУ КОЛАРЕВИЌ И СДСМ, откриваат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 18.05.2026

СЕМЕЈНА ВРСКА МЕЃУ КОЛАРЕВИЌ И СДСМ, откриваат од ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Коларевиќ, обвинителката која ја стопираше истрагата за случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра, според ВМРО-ДПМНЕ е дел од мрежа на блиски релации меѓу СДСМ, ДУИ и обвинителско-судскиот систем.

Дали Коларевиќ по насока на шефот на ОЈО ГОКК Ислам Абази и насока на Венко Филипче, Зоран Заев и Али Ахмети ја стопирала постапката, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата обвинува дека таткото на Коларевиќ е еден од „семејните кадри“ унапредени во времето на СДСМ и ДУИ и дека унапредувањето е типична политичка номинација, а не професионален развој.

„Павле Марков, во 1998 година од тогашната влада на СДСМ е избран за државен правобранител, додека, пак, мајка ѝ Вера Маркова, во 2004 од коалицијата СДСМ и ДУИ е избрана за уставен судија“.

Понатаму во текстот се спомнува блискоста на Ислам Абази со шефот на ДУИ, Али Ахмети, како комшии во Зајас.

„За блискоста на Ислам Абази со Ахмети како комшија од Зајас, на кого според јавно достапни фотографии може да се види како на глава му седи неговиот брат Фекри Ахмети, сите знаат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека обвинителката Коларевиќ, блиска до СДСМ и ДУИ, добро знае дека во економскиот криминал или штета на државниот буџет, како што е случајот со ТЕЦ Неготино, се утврдува со економско вештачење, а не со изјави дадени од некомпетентни и неовластени лица вработени во ЕСМ.

„И од ЕСМ јасно потенцираа дека испитаните лица во постапката, не биле ниту одговорни, ниту компетентни лица да проценат штета и да утврдат економски криминал со набавката на мазутот.

Но, со скандалозната одлука за стопирање на истрагата за овој случај тежок 167 милиони евра за кој постојат силни индиции и сомнежи за перење пари и тендерски криминал, станува јасно дека решението на Абази и Коларевиќ не е поткрепено со правно-обвинителски аргументи, туку веројатно е добро подмачкано со прескапиот мазут“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Од овие прости причини се јавува потребата да се постави прашањето, дали поради тоа обвинителката Коларевиќ во случајот со мазутот тежок 167 милиони евра, не постапувала со главен мотив да ја открие вистината, туку за да го заташка, како што ја стопираше постапката, за од кривична одговорност да ги спаси Васко Ковачевски, Адријан Муча, Асмир Јахоски и другите блиски до Ахмети, Заев и Филипче“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука ВМРО-ДПМНЕ го тврди следното:

„Или подиректно, дали Коларевиќ како обвинителка поради свои интереси и по насоки од блискиот до ДУИ, Ислам Абази, кои доаѓаат директно од врхушката на СДСМ и ДУИ, односно од Ахмети, Заев и Филипче, ја сопре постапката за овој случај вреден 167 милиони евра?

Очекуваме одговори, затоа што јавноста има право и заслужува да ја знае целата вистина, додека Советот на јавни обвинители има обврска да го истражи работењето и постапувањето и на Абази и на Коларевиќ.

За да се воспостави правна држава и да се врати довербата на граѓаните во правосудството, која сега е минорни 2%, потребно е и обвинителите да подлежат на професионална, дисциплинска и кривична одговорност, доколку се докаже нивно противправно делување.

Македонија заслужува правда и одговорност“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk