logo
logo
logo

Дали функционерите ќе се откажат од зголемената плата?

Vecer | 31.03.2023

Дали функционерите ќе се откажат од зголемената плата?

Не стивнуваат реакциите по одлуката на Уставниот суд за 78 проценти да им се зголемат платите на министрите, судиите, градоначалниците, премиерот, претседателот и уште многу други фунцкионери.

Народот е револтиран, на социјалните мрежи се повикува на протести. Со право се прашуваат дали во буџетот има пари за овие зголемување на платите и дали државата може ова финансиски да го издржи.

Владата размислува преку измена на коефициентите да го скрати неверојатното зголемување на платите на функционерите кое го овозможи Уставниот суд. По одлуката на Судот функционерите од идниот месец да земаат за 78% повисока плата, министрите велат дека размислуваат за решенија

Функционерите имаат скандалозно мали плати, но не е време сега да се зголемат, рече и шефот на дипломатијата кој чека 900 евра повисока плата или близу 2100 евра за тоа што го сработел овој месец.

Измени во законот денеска побара и опозицијата

А по градоначалникот на Аеродром кој вчера најави дека ќе го донира покачувањето, сличен чекор денеска и од првиот човек во општина Центар

Уставниот суд минатата недела укина два члена од законот за плати на функционерите со што овозможи покачување кое синдикатот пресмета дека ќе изнесува досега невидени 78%.

Па така од први, од 600 до 1000 евра повеќе ќе земат сите министри, заменици, пратеници, директори на државни фирми и институции. Синдикатите кои две недели протестираат за поголеми плати пред Владата денеска не го криеја гневот.

Иницијативата пред Уставниот суд поднел адвокат од Скопје кој не сака да коментира. Додека други предмети пред судот чекаат со години, судиите кои исто така ќе добијат 78% покачување за оваа иницијатива одлучиле за помалку од 4 месеци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk