Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски прашува дали министерот Венко Филипче научил да вози мотор, само за да се дружи со премиерот Зоран Заев.

-Пикот бил зад нас, рекол Филипче и отишол со Заев да се возикаат на мотор. Седете си вие дома тие ќе си се гоштеваат во Хотел Туто во Јанче! Седете си вие од 20 часот дома, може и од 18 од следна недела; економијата нека пропаѓа, што знаат оние со мотори од 30 и кусур илјади евра за криза; ќе ве вакцинираат некогаш, а можеби ни тогаш, пишува Стооилковски

Тој истакна дека во меѓувреме Заев ќе контролира и ќе се јавува кој може да вози транзит низ земјава; кој може да влегува преку граница и да носи што сака.

– Филипче ќе разгледува терени за нова “касарна” и нов тендер; а заедно на мотори ќе смислуваат како да направат што поголема ујдурма за некоја провизија, знаејќи дека најголем сектор во влада им е за креирање перцепции и пласирање на “медиумска вистина”. До каде е забегано лудилото, зборува и чаршијата дека министерот за провизии поим немал од мотори, ама сега научил само и само да биде поблиску до тиранинот, а дали е вистина еве јас не знам, прашувам, вели Стоилковски.

Тој потенцира дека  не е ова режим, ниту само мафија, ова е ужас незабележан во Европа по падот на Чаушеску!

ОБНОВЕНО:
Пикот бил зад нас, рекол Филипче и отишол со Заев да се возикаат на мотор.

Седете си вие дома тие ќе си се…

Posted by Naum Stoilkovski on Saturday, April 10, 2021