logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ:

Дали Филипче е на ист став и линија со Заев кој тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ?

Vecer | 02.05.2025

Дали Филипче е на ист став и линија со Заев кој тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ?

Додека Филипче тврди дека и во опозиција останува доследен на вредностите на социјалната правда да го потсетиме Филипче дека единствена доследност, послушност и континуитет на СДС е следењето на политиките на Заев кои ја уништија и уназадија Македонија, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

- Дали и Венко Филипче е на ист став и линија со Заев кој тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ, а македонскиот и бугарскиот јазик се исти? Филипче е доследен на Заев и во предавствата, нема значаен настан и момент во историјата, а СДС да не ги поткопа државните интереси и да го наруши достоинството на народот. СДС отсекогаш во историјата била на погрешната страна на настаните. СДС никогаш немала црвени линии кога станува збор за државните интереси. Нема значаен настан и датум во македонската историјата а СДС да не ги поткопа националните интереси и да го нарушила достоинството на македонскиот народ. Предавствата, виткањето кичма и коленичењето се синоним за СДС додека малкумина блиски до врхушката на СДС преку ноќ дебело профитирааат. Попустливоста и предавството се синоними и за Филипче кој е бледа копија и чувар на столчето на Заев во СДС. Заев им даде инструмент во рацете на Бугарија за континуирана блокада и можност за вето, Филипче на иста линија тврди и по цена на политичката кариера се залага за Бугарите во Устав. За Филипче, Заев и СДС нема црвени линии има само лукративен интерес. Филипче исто како и Заев е попустлив и витка кичма во однос на уставните измени и внесување на Бугарите во уставот. На Филипче не му е важно достоинството на македонските граѓани и државата. Единствено нешто за што се грижи Филипче е спроведување на насоките на Заев и тоа како да дојде на власт со цел повторно да местат тендери во четири очи и фамилијарните бизниси да течат, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за националните интереси и достоинството на македонскиот народ. СДС е синоним на предавства, неспособност, и криминал, додаваат од владејачката партија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk