logo
logo
logo

Дали ЕБОР и ЕИБ ГО ЗАМРЗНАЛЕ ПРОЕКТОТ ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНА, од Град Скопје не оделе на состаноци?

Vecer | 25.05.2023

Дали ЕБОР и ЕИБ ГО ЗАМРЗНАЛЕ ПРОЕКТОТ ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНА, од Град Скопје не оделе на состаноци?

Градоначалничката Данела Арсовска и директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Драган Илиевски поставен од нејзе и понатаму го кочат проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје, пишува „Сакам да кажам“, според чии извори претставниците од Градот не се појавуваат на состаноците и разрешен е раководителот на проектната единица за имплементација на проектот.

Поради овие причини, претставниците на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и на Европската инвестициска банка (ЕИБ) кои го финансираат проектот, доставиле писмено известување дека нема да учествуваат во натамошните редовни неделни и месечни состаноци додека Градот и јавното претпријатие не обезбедат соодветни претставници.

Тие исто така бараат образложение зошто е сменет раководителот на проектната единица. Тоа значи дека сега проектот е во застој, односно не можат да почнат да се реализираат никакви активности за да се почне со градба на пречистителната станица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk