logo
logo
logo

ДАЛИ БУРЕКОТ ТРЕБА ДА МЕРИ ИЛИ ДА СЕ ПРОДАВА НА ПАРЧИЊА - Се помалку работа

Vecer | 05.11.2024

ДАЛИ БУРЕКОТ ТРЕБА ДА МЕРИ ИЛИ ДА СЕ ПРОДАВА НА ПАРЧИЊА - Се помалку работа

Ако пред 3-4 години можеше да се најде четврт бурек и чашка јогурт како комбинација за 50-60 денари тоа сега е незамисливо. Цената само на четврт бурек скокна на повеќе од 80 денари. Но колку бизнисот со бурек е исплатлив во Македонија.

Кај нас се продава на парчиња, осмина, четврт... додека во Босна и Херцеговина го мерат. Дали ова би можело да се приме ни и кај нас.

Некои сопственици на бурекџилници објаснуваат дека такво нешто тешко би функционирало во земјава, со оглед на тоа дека состојките за правење на бурек се скапи, на пазарот велат тешко се опстанува, народот се иселува, а со тоа и бројот на купувачи е помал и секој гледа да заработи.

Според мајтор за бурке кој веќе го затворил дуќанот тоа тешко може да се примени. Тој вели дека има помалку работа, помалку потрошувачи, а и навиките тешко се менуваат,

Тешко се опстанува на пазарот. Варира квалитетот на бурекот многу и секој гледа да заштеди, да му се исплати, да има ќар. На пример, 20 килограми маст достигнуваше 50 евра, месото е скапо, основните состојки за правење бурек се скапи. Газдата треба да му стави висока цена на бурекот, за да купи квалитетни намирници. Се прават комбинации за да се исплати. Ако купи јунешко месо за во бурекот, четвртинката треба да чини 2 евра“, објаснува мајстор за бурек од Скопје за Фактор кој неодамна го затворил дуќанот.

„Според менталитетот наш не знам дали такво нешто би прифатиле. Мислам дека е подобро со мерење, се знае што добива муштеријата, што добива газдата.  Четвртина треба да тежи 250 грама, а некаде не тежи ни 150 грама и можат да играат со цената“, вели Горан, мајстор за бурек.

Валентина Матева, чие семејство се занимава со производство на бели печива додава дека и сега се трудат да испорачуваат ист квалитет секој ден ако сакаат да ги задржат купувачите.

„Не би било изводливо засега да се мери. Обично е од 280 до 300 грама едно парче, односно четвртина, тоа е стандард. Гледаме секогаш четвртинките да бидат исти, да бидеме фер кон муштериите, да бидат задоволни и тие и ние“, вели  Матева.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk