logo
logo
logo

„Дали Артан Груби ја уортачи Македонија СО БУГАРСКИ МАФИЈАШ КОЈ СЕ НАОЃА ВО ПРИТВОР?“

Vecer | 28.09.2023

„Дали Артан Груби ја уортачи Македонија СО БУГАРСКИ МАФИЈАШ КОЈ СЕ НАОЃА ВО ПРИТВОР?“

Веднаш на почеток, постои ли договор којшто Лотарија на Македонија го потпишала со бугарска компанија за онлајн коцкање? Дали тоа е компанијата 7777.бг, клон на четирите осмици на бугарското подземје? Дали Артан Груби го заобиколи законот, со тоа што Владата со негов потпис донела Одлука за три фирми за коцкање, затоа што Лотарија така одлучила? – прашува Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој прашува и дали  со однапред општопознат одговор, дали директор на Лотарија, и прв на УО на Лотарија, е шефот на кабинет на Артан Груби, Перпарим Бајрами?

- Ова се фактите, Артан Груби речиси две години се обидува да го смени законот за игри на среќа во Собранието, еднаш се обиде со европско знаменце, не успеа, потоа со автентично толкување кое што не заврши во Собранието, рече Стоилковски.

Според него додека Македонија тоне во сиромаштија и се крадат лекови од болни, Артан Груби преку неговиот шеф на кабинетот, со популарен „дупли пас“ дозволува три нови лиценци за коцкање во Македонија.

- Тоа е ова Одлука на Владата со потпис на Артан Груби каде што се вели дека со оваа Одлука се одобрува работењето на Управниот одбор на Акционерското друштво за приредување на игри на среќа на државна Лотарија на Република Македонија, во врска со донесувањето на Одлуката за отпочнување на постапка за основање на три нови друштва за приредување на интернет игри на среќа. По оваа Одлука, Лотарија објавува оглас во Сл. Весник, на 11-ти септември, број 189, страница 12, на којшто се дава фоторобот на фирмата. 8888.бг, е позната како онлајн казино, коцкарница на бугарското подземје, водена од Черепот. Клон на оваа фирма е онлајн коцкарницата 7777.бг, водена од истите луѓе, истата платформа, истата структура, само друга страница на 8888.бг, рече тој.

https://youtu.be/ygddzwvwGHE

Додаде дека  Васил Бошков, Черепот, според Блумберг, е во домашен притвор во Бугарија. И тука во Блумберг е опишан како коцкарски могул и олигарх поврзан со подземјето.

- И оттука, многу е важно да се покаже, дали Лотарија на Македонија, дали Груби преку неговиот шеф на кабинетот, Македонија ја уортачил со бугарски мафијаш, коцкарски могул, притворен во Бугарија? Македонија тоне во сиромаштија, секојдневно се штрајкува и протестира, се крадат лекови од болни со канцер, ама Артан Груби тера подземни бизниси! Лотарија е државна фирма и овој документ за партнерство не може да остане таен, изјави Стоилковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk