Измамите на лажни бизнисмени кои „дерат“ луѓе по неколку илјади евра стануваа секојдневние, а измамниците стануваат се покреативни во своите приказни како да ги убедат граѓаните да им дадат пари.
Една од најчестите измами на кои се жалат граѓаните е тоа што даваат пари за производи кои никогаш не ги добиваат.
Вчера во СВР Тетово 56-годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од лице од Скопје кое му се претставило како бизнисмен и му понудило производи во вредност од 2000 евра.
Откако телефонски се договориле, пријавителот преку такси возило му ги испратил парите, но производите не му биле доставени, по што увидел дека е измамен, соопштија од СВР Тетово, од каде велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата