logo
logo
logo

Нов модерен базен во Чаир – инвестиција за спорт и младите

Vecer | 06.03.2026

Нов модерен базен во Чаир – инвестиција за спорт и младите

Со инвестиција од околу 1 милион евра, се гради модерен затворен базен, втор по ред на територијата на општина Чаир, кој ќе им служи на младата генерација и на целата општина, соопшти коалицијата Вреди.

Вреди продолжува со добра работа и со конкретни проекти што го менуваат животот на граѓаните, додека Чаир се надополнува со уште една важна инвестиција во спортот и младите, се додава во соопштението.

„Станува збор за модерни услови за секој ученик што сака да учи да плива, да се натпреварува и да се развива. Ова е Вреди. Ова е визијата на Изет Меџити, кој го трансформира Чаир со големи проекти“, соопшти Вреди.

Базенот ќе биде со должина од 25 метри, ширина од 8,8 метри и длабочина погодна за учење и тренинг  и ќе создаде нови можности за развој на спортот и младите таленти, се додава во соопштението.

„Таму ќе се обучуваат нови тренери и спасувачи, ќе се организираат натпревари и спортски активности што го креваат спортот на друго ниво. Овој објект поставува нов стандард, бидејќи означува изградба на инфраструктура што произведува дисциплина, здравје и успех. Со Вреди, Чаир продолжува со работа, развој и проекти што оставаат белег кај младите луѓе и во целото општество“, соопшти коалицијата Вреди.

Затворениот базен се гради во рамки на основното училиште „7 Март“.

На поставувањето на темелите на базенот, завчера, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, соопшти дека во објектот ќе има гардеробери, тушеви, простори за тренери и модерна опрема, како и високи стандарди за безбедност и енергетска ефикасност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk