logo
logo
logo

ДА РАСЧИСТИМЕ: Тие треба да се спремаат за згаснување на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не е имотот, не е сметката, ВМРО е кодот на македонскиот народ (ВИДЕО)

Vecer | 04.07.2022

ДА РАСЧИСТИМЕ: Тие треба да се спремаат за згаснување на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не е имотот, не е сметката, ВМРО е кодот на македонскиот народ (ВИДЕО)

Николоски: ДА РАСЧИСТИМЕ: Тие треба да се спремаат за згаснување на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не е имотот, не е сметката, ВМРО е кодот на македонскиот народ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски запрашан дали има доверба во пратеничката група дека нема да се однесува како за преспаснкиот договор, и дека постојат закани за затворање на партијата преку судски процеси Талир 1 и 2, прецизно и јасно одговори:

-Ова не е истиот пратенички состав, гарантирам за сите. И ги заштитувам, бидејќи се под силни притисоци, гарантирам дека ниеден нема да остапи.

Во однос на заканите од затворање на партијата пред избори, Николоски е дециден:

ВМРО-ДПМНЕ не е имотот, не е сметката, ВМРО е кодот на македонскиот народ.

-Со замрзнат имот и блокирана сметка освоивме локални избори.

Во однос на заканите за гасење на ВМРО, во дуел до Шеќеринска, за преспанскиот договор, кажав и таа не демантираше дека има мастер план за затворање на ВМРО, со клучна улога на СЈО. Ја фатија Катица со рацете во медот, а таа требаше да го спроведе и им пропадна.

Талир 1 и 2 се дел од тие сценарија.

Го потценија ВМРО, кодот на македонскиот народ е во ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО опстана и во едноумето на Југославија, опстана и пред едмноумието.

ВМРО е во генот на македонскиот народ и никогаш нема да може да го уништат и угаснат.

Толку се во паника, што тоа нема да се случи.

Тие треба да се спремаат за згаснување на СДСМ, не за затворање на СДСМ, заради ова што го прават со Бугарија.

Дали највисоката врхушка сака тоа да се случи (да го затворат ВМРО-ДПМНЕ), да, дали имаат логистика да го направат тоа - НЕ, посочи Николоски за Алфа ТВ.

 

https://vecer.mk/makedonija/makedonija-nema-da-pochne-pregovori-ako-se-prifati-bugarskiot-ultimatum/

https://vecer.mk/makedonija/nikoloski-ustavni-izmeni-nema-da-dozvolime/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk