logo
logo
logo

Да не згрешите: НЕМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС но, кафаните РАБОТАТ ДО 20.30

Vecer | 01.05.2021

Да не згрешите: НЕМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС но, кафаните РАБОТАТ ДО 20.30

Вечерва нема полициски час, но летните тераси на кафеаните и кафулињата ќе работат до 20:30 часот, согласно одлуката на Владата од 27 април. Утревечер во 21 часот, повторно ќе стапи на сила ограничувањето во движење од 21 до 5 часот.

Владата одлучи дека од 28 април полицискиот час важи од 21 до 5 часот, а исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај за време на Велигден, и вечерта меѓу 13 и 14 мај за Рамазан бајрам. Новите мерки важат до 15 мај.

На новинарско прашање каква логика има во еден ден да се укине полициски час, а веќе од наредниот ден пак да се воведе, министерот за здравство Венко Филипче неодамна одговори: „Многу е важно чувството на граѓаните. Да потенцирам, здравствената состојба ја дозволува оваа мерка. Верските заедници земаа обврска да водат сметка за време на празнувањето и собирањето за верските празници“.

Премиерот Зоран Заев вчера апелираше до граѓаните да се воздржат од посета на црквите и манастирите и празниците да ги дочекаат дома со семејствата.

„Ако сепак одлучите да одите во црква, послушајте ги препораките на свештенството и направете го тоа со најголемо внимание со придржување на мерките за заштита, заради себеси и заради другите“, објави Заев на Фејсбук.

Министерот за здравство Венко Филипче завчера го осуди ставот на владиката Петар со кој ги отфрла препораките за заштита од коронавирусот за време на велигденските празници. Претходно, Филипче кажа дека самиот не слушнал оти причесната во црквата се дава со исто лажиче за сите верници и апелираше ако има можност да се најде алтернатива или воопшто да не се прави.

На тоа, владиката Петар, кој на почетокот на месецов се лекуваше од ковид-19 во приватна болница, му одговори дека „луѓето што не се во Црквата да не се мешаат во црковните работи, бидејќи нашите верници никогаш не се причестувале од повеќе лажички, па нема ни сега“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk