logo
logo
logo

Одговор ЗОШТО СТАНОВИТЕ ВО СКОПЈЕ И ОХРИД - СЕ ПРЕСКАПИ!

Vecer | 26.03.2026

Одговор ЗОШТО СТАНОВИТЕ ВО СКОПЈЕ И ОХРИД - СЕ ПРЕСКАПИ!

ециновиќ ја обвини Владата за негрижа кон работничките семејства и толерирање шпекулации на пазарот, додека министерот Николоски возврати дека високите цени се директна последица на блокирањето на урбанистичките планови и хистеријата што се создава против градежништвото особено во некои скопски општини и Охрид од страна на Левица и нивните коалициски партнери.

Поставувајќи прашање пратеникот Мециновиќ, истакна дека домувањето не смее да биде комодитет, туку човеково право. Според него, ова е најгорчливото прашање за младите луѓе и нивните семејства, кои, како што рече, се оставени на милост и немилост на пазарот, што директно придонесува за нивно иселување од државата.

Во својот одговор, министерот за транспорт Николоски ги отфрли обвинувањата, нагласувајќи дека токму политиките на Левица и создавањето отпор кон секој нов детален урбанистички план во скопските општини ја ограничуваат понудата на станови, што неизбежно води до раст на цените според основните економски законитости.

– Добро е да знае македонската јавност дека една од основните причини зошто цената на станбениот квадрат во неколку скопски општини и во остатокот од државата, која инаку е релативно коректна, е ваква каква што е, е заради хистеријата што вие и вашите прокси-коалициски партнери ја создавате. Имено, во Македонија во моментов да се донесе детален урбанистички план се смета за поголемо злодело отколку да се убие човек на улица – изјави Николоски.

Вели во повеќе скопски општини, како Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба и Чаир, не се носат планови поради притисокот од јавноста, а слична е ситуацијата и во Охрид каде, поради строгите забрани за градба, цената на квадратот достигнала 4.000 евра.

– Еве за урбанизацијата, вашата политика ја следиме и резултат на вашата политика е 2.500 евра за квадрат. И ако продолжиме со оваа политика, 5.000 евра за квадрат ќе биде, затоа што е едноставно, ако нема градба, ако нема понуда, а има побарувачка, цените ќе одат нагоре. Многу е едноставно, пазар е тоа – посочи Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk