Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади даде „зелено светло“ за отворање на широка јавна дебата за заштитата на жените од насилство. Членовите на Комисијата денеска едногласно одлучија да се одржи јавна расправа по клучниот извештај на Државниот завод за ревизија, кој ја скенира успешноста во спроведувањето на Истанбулската конвенција.
Фокусот на претстојната расправа ќе биде ставен на квалитетот и достапноста на специјализираните услуги наменети за жртвите на родово-базирано и семејно насилство. Со денешната седница претседаваше пратеничката Олга Лозановска, која ја истакна важноста на овој процес за подобрување на институционалната поддршка.
„За датумот и местото на одржување на јавната расправа, ќе има дополнително известување“, рече Лозановска.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата