logo
logo
logo

Над милион евра за локални патишта во ДРАЧЕВО И СТУДЕНИЧАНИ

Vecer | 15.03.2025

Над милион евра за локални патишта во ДРАЧЕВО И СТУДЕНИЧАНИ

Во општина Студеничани со средства од Министерството за транспорт веќе работиме на подобрување на локалните патишта во населените места и овие средства се надвор од оние 100 милиони евра што Владата ги обезбеди за сите општините за реализација на капитални проекти, истaкна вицепремиерот Александар Николоски кој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и други членови на Владата денеска означија почеток на реконструкција на локалниот пат од Драчево до мотел Китка.

Инвестицијата за реконструкција на овој локален пат е вредна 63,5 милиони денари од кои 59,2 милиони денари се обезбедени преку Mинистерството за транспорт, а 4,3 милиони денари со кофинансирање на општината.

Во продолжение изјавата на вицепремиерот Николоски:

-Од тука споделуваме две добри вести. Едната е дека привршуваме со реконструкција на локален пат во село Студеничани, 840 метри е вкупната должина и второ во тек е тендерска постапка во село Моране за реконструкција и целосна изградба на нов пат во должина од 1,3 км.

Двата одат преку средствата што Министерството за транспорт ги обезбеди преку кредитот на Светска банка и ова е дополнително на подршката што Владата ја даде минатата година, а и оваа година исто така и ќе дава силна подршка за општините во годините што доаѓаат, изјави вицепремиерот Александар Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk