Во понеделникот навечер во 23.05 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен малолетник од Скопје.
Според пријавеното, во близина на стадионот во Чаир тој бил физички нападнат од неколку други малолетници, при што еден од нив употребил остар предмет и му нанел повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Скопје поради постоење основи на сомнение дека во текот на септември 2023 во катна гаража на подрачјето на Центар во Скопје извршиле обљуба врз малолетничка од Скопје.
Притоа, тие снимале со мобилен телефон, по што и се заканиле на девојката дека снимката ќе ја објават на социјални мрежи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата