logo
logo
logo

ЦАРИНАТА СПРЕЧИ ШВЕРЦ НА ЗЛАТО во вредност од 1,5 милиони денари

Vecer | 16.06.2026

ЦАРИНАТА СПРЕЧИ ШВЕРЦ НА ЗЛАТО во вредност од 1,5 милиони денари

Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење златен накит во вредност од 1,5 милиони денари. Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, кога инспектори од Одделението за оперативни работи, поради основано сомневање, извршија контрола на возило со кое управувал македонски државјанин, соопшти Царинската управа.

При контролата е откриено кршено злато и златен накит со вкупна тежина од 324,7 грама, коишто лицето со намера да ги криумчари, ги завиткало во црна ќеса и ги сокрило во фиоката под возачкото седиште.

Случајот е предаден на Одделението за истраги, кое против сторителот И.М. поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk