logo
logo
logo

КЕЈОТ НА ВАРДАР СЕ ЧИСТИ ТЕМЕЛНО: Ова не е еднократна акција, туку секојдневна практика

Vecer | 19.05.2026

КЕЈОТ НА ВАРДАР СЕ ЧИСТИ ТЕМЕЛНО: Ова не е еднократна акција, туку секојдневна практика

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео од големата акција за расчистување и уредување на коритото на реката Вардар, како и на пешачките и велосипедските патеки долж кејот.

Според Ѓорѓиевски, во изминатиот период се спроведува координирана акција за темелно чистење на просторот околу Вардар, со цел да се врати изгледот на еден од најпрепознатливите симболи на градот.

– Она што со години беше занемарувано и ја нарушуваше сликата за нашиот град, заминува во минатото. Вардар е симбол на Скопје, негов белег и простор што им припаѓа на сите граѓани – порача Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека станува збор за континуирана активност, а не за еднократна акција.

– Ова не е еднократна акција, туку трајна практика. Кејот се одржува секојдневно, затоа што скопјани заслужуваат чист, уреден и достоинствен град – истакна градоначалникот.

Во објавата, Ѓорѓиевски упати и апел до граѓаните да придонесат за зачувување на јавните површини и животната средина.

– Апелирам до сите граѓани да го чуваме она што е наше заедничко. Реките, парковите и јавните простори се огледало на сите нас. Вардар повторно ќе блесне со сјајот што му доликува на Скопје – напиша тој.

Акцијата опфаќа чистење на отпадот, расчистување на обрасната вегетација и уредување на просторот покрај кејот, кој секојдневно го користат илјадници граѓани за рекреација и прошетка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk