Штета од минимум 3,5 милиони евра констатира Државниот завод за ревизија, само за 2024 година, во Државна лотарија на Македонија, во времето кога Перпарим Бајрами е директор на претпријатието, а раководител на сектор за финансии е Анета Настева.
Според досегашните информации средствата биле секојдневно изнесувани како готовина од Државната лотарија на Македонија, а дел од лицата осомничени за проневерата неофицијално имаат златна виза во соседна Грција, како и значителен имот таму.
Дополнително, новинар со потекло од беровско, чија редакција згасна по доаѓањето на Доналд Трамп на претседателската позиција во Соединетите Американски Држави исто така добивал донации од истото претпријатие.
Целата приказна е како холивудско сценарио за крими-серија. Фиктивни уплати, фалсификувани документи и потписи, изнесување на средства во кеш и дупка од 3,5 милиони евра за една година го прават веројатно најголемиот криминал од независноста на Македонија до овој момент, а овој случај ќе треба да се изучува како пример во учебниците по казнено право во државава
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата