logo
logo
logo

ЌЕ СЕ ПРИДВИЖИ ЛИ ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ КОРИДОР 8 ОД БУГАРСКА СТРАНА? Николоски со бугарскиот колега Караџов - договорена нова средба

Vecer | 28.06.2025

ЌЕ СЕ ПРИДВИЖИ ЛИ ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ КОРИДОР 8 ОД БУГАРСКА СТРАНА? Николоски со бугарскиот колега Караџов - договорена нова средба

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Гроздан Караџов.

Средбата се одржа во рамки на форумот „Глобална Транспортна Поврзаност” што се одржува во Истанбул, каде имаше обраќање вицепремиерот Николоски.  

Како што соопштуваат од ресорното Министерство, на средбата била истакната неопходноста за изградба и модернизација на европските транспортни коридори, со посебен акцент на железничкиот и патниот Коридор 8, како предуслов до регионален економски развој и олеснување на транспортот и трговијата. 

Потенцирајќи го прашањето за железничкото поврзување меѓу двете земји, двајцата соговорници нагласија дека овој проект има регионална димензија, каде покрај економското значење, се наметнува и прашањето за стратешкото позиционирање на НАТО Алијансата преку поврзување на Јадранското и Црното море.

Двајцата соговорници се согласија за нова средба во периодот кој следи со цел заеднички да се усогласи текстот на Договорот со кој ќе се постигне согласност за изградба на заедничкиот тунел којшто треба да ги поврзе Македонија и Бугарија со што ќе се придвижат работите за реализација на железничкиот Коридор 8, наведуваат од Министерството за транспорт.

Двајцата соговорници се согласиле да испратат експерти да учествуваат на состанокот за Коридор 8 што го организира Европската Комисија во јули.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk