logo
logo
logo

НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПРОВРИВА - Водата за пиење во Кавадарци и Неготино е повторно исправна

Vecer | 06.04.2026

НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПРОВРИВА - Водата за пиење во Кавадарци и Неготино е повторно исправна

Водата од водоводот „Лукар“ е исправна и може да се употребува за пиење, известија денеска од јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци, откако претходно, на 3 март, кавадаречкото и неготинското комунално претпријатие, соопштија дека е заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите и беше потребно да се преврива.

- Сектор водовод при ЈП „Комуналец“ Кавадарци на карактеристични места низ градот направи интерни испитувања на водата за пиење. Со испитувањата се утврди дека присуството на резидуален хлор во водоснабдителниот систем е во граници на нормалата. Со ова се констатира дека водата од водоводот Лукар е исправна и може да се употребува за пиење, појаснија од претпријатието.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk