logo
logo
logo

ГИ ПЦУЕЛ И НАВРЕДУВАЛ ПОЛИЦАЈЦИТЕ: Уапсен возач на Порше кој доби и казна поради проблеми со регистрацијата

Vecer | 26.06.2025

ГИ ПЦУЕЛ И НАВРЕДУВАЛ ПОЛИЦАЈЦИТЕ: Уапсен возач на Порше кој доби и казна поради проблеми со регистрацијата

Ноќва околу 03.45 часот на патот Тетово – Гостивар полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.О. (50) од Гостивар затоа што ги омаловажувал полициските службеници кои вршеле службени дејствија.

При сообраќајната контрола полициските службеници констатирале дека Б.О., кој управувал патничко моторно возило„порше“ со гостиварски регистерски ознаки, сторил прекршок по член 26 од Законот за возила, за што му е одземена возачката дозвола и даден платен налог за сторениот прекршок. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk