logo
logo
logo

ИРЛ И САШКА ЦВЕТКОВСКА ОСУДЕНИ ЗА КЛЕВЕТА, и не им е прв пат

Vecer | 25.02.2026

ИРЛ И САШКА ЦВЕТКОВСКА ОСУДЕНИ ЗА КЛЕВЕТА, и не им е прв пат

ИРЛ и Сашка Цветковска се правосилно осудени за клевета направена кон Кочо Анѓушев за нивната емисија за увоз на токсичен мазут и загадување на воздухот.

Апелациониот суд денеска ја потврди пресудата на првостепениот суд дека ИРЛ и Цветковска во 2021г без основа го довеле Анѓушев во врска со темата мазут и го обвинувале дека БРАКО купила одредена количина таков мазут и дека тој како вицепремиер имал работен состанок во владата на кој биле присутни и лица од таа дејност (состанокот бил за сосема друга тема, заведена во записникот на Кабинетот на Вицепремиерот и одржан во присуство на шеф на кабинет, советници и други владини претставници кои за тоа сведочеа на судењето и ги демантираа ИРЛ).

Тоа ИРЛ го претставија дека Кочо Анѓушев е одговорен за увозот на токсичен мазут.

ИРЛ пред да ја објават нивната емисија Заговор против воздухот во мај 2021г не поставиле прашања кон Кочо Анѓушев за да ја добијат и втората страна и со тоа го прекршија основното новинарско правило-да се праша и другата страна, или да се праша тој за којшто се пишува и кој се обвинува.

На судењето се бранеа со тоа што наведуваа дека во истражувачкото новинарство имале право ,“да не прашуваат ако имаат докази“. Но, ИРЛ и Сашка Цветковска немаа никакви докази и не презентираа докази, бидејќи не постоеја.

ГЕНЕЗА

· Мај 2021-на МТВ објавена е емисија на ИРЛ Заговор против воздухот

· Анѓушев демантира

· Анѓушев поднесува тужба за клевета

· 2022 Првостепениот суд пресудува дека нема клевета

· 2023 Апелационен суд ја укинува пресудата и го враќа случајот на повторно судење

· 2023 Првостепениот суд во второто судење, водејќи се по забелешките на Апелација, одново ги цени фактите и пресудува дека ИМА клевета.

· 25.2.2025 Апелациониот суд по второто судење ЈА ПОТВРДУВА ПРЕСУДАТА дека ИМА клевета (со тоа пресудата за клевета станува ПРАВОСИЛНА)-ова е втора правосилна пресуда за клевета за ИРЛ.

· Првата правосилна пресуда е во 2023 по тужба од компанијата „Белешков Инженеринг“ од Крива Паланка. (Против ИРЛ има поднесено уште неколку тужби за клевета, што го надминува просек за медиуми тужени за кевета во земјата)

По изрекување на пресудата, Сашка Цветковска, револтирана и со зацрвенето лице, му се обратила на судијата кој претседавал со петчлениот судечи совет и кој ја прочитал пресудата, со зборовите:

,,Е браво, секоја чест! Срам да ви е! Добро ќе ве запамтиме!”

Судијата не возвратил на провокацијата, ниту другите членови на судечкиот совет.

Кога се зборува за тоа дали и кој увезувал, произведувал и продавал во Македонија токсичен мазут, државата и надлежните институции си го кажаа своето во неколку наврати. Името на проф.д-р Кочо Анѓушев и правните лица во негова сопственост никогаш не беа ниту доведени ни оддалеку во прашање или било каква врска и поврзаност со тие субјекти, по никаква основа.

Единствено ИРЛ и Сашка Цветковска се трудеа да клеветат дека тој е виновникот

Но, паралелно со клеветите на ИРЛ, се отвараше темата за токсичниот мазут - но со сосема други имиња и компании.

Стана јасно и кој плаќал, и зошто плаќал, и зошто и кому Кочо Анѓушев пречел, за да бидат нарачани и платени медиумски хајки против него од неколку портали, пред се на социјални мрежи и преку закупување простор на телевизија, за во тие платени минути да ги кажуваат нивните лаги.

Кои се субјектите за кои државата си постапи и постапува, а кои се поврзани со токсичен мазут, а тоа не е Кочо Анѓушев.

На 10 и 11 март 2025  МВР и Јавното обвинителство спроведоа акција во која беа приведени, притворени и поднесени кривични пријави против 13 лица за финансиски злоупотреби при набавка на мазут за потребите на термоелектраната Неготино, во рамките на државната ЕСМ-Електрани на Македонија, а притоа внимавајте, медиумите пренесоа цитирајќи го МВР, дека се набавувал мазут кој бил токсичен и штетен за околината и здравјето на луѓето.

Откако администрацијата на американскиот претседател Трамп ги објави милионските суми кои ги добивале тие неколку портали во Македонија од американската агенција УСАИД, која претседателот Трамп ја затвори токму поради злоупотребите, тогаш стана јасно на сите нас овде во Македонија: што се случувало и како се правеа сценарија за отстрел на специјално избрани луѓе во државата.

Во нивниот филм, ИРЛ кажуваат дека најголем купувач на штетниот мазут било министерството за одбрана.

,,Во 2018 година, „Евротим“ заработила над 2,6 милиони евра од јавни договори. Нејзин најголем клиент во јавниот сектор беше Министерството за одбрана, кое потпишало договори во вредност од над еден милион евра во 2018 и 2019 година.

Но, не слушнавме ниту тогаш во тој филм на ИРЛ емитуван на јавниот сервис МТВ, ниту до ден денес ИРЛ да ја прозива министерката за одбрана Радмила Шеќеринска за тоа.

Зошто?

Зошто, на толку илјадници тони купен мазут и милиони евра, не е прозвано и истражено министерството за одбрана и не била на тапет министерката за одбрана бидејќи министерството има свој систем на контрола на квалитет кој или не е свавен во функција или намерно е прескокнат во процесот, а е прозвано БРАКО на Анѓушев, каде тој има и други партнери-сопственици? И која е цената на тој дефокус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk