Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје најави дека од 4 април 2026 година (сабота) стапува во сила нов возен ред за дел од линиите во градскиот превоз. Како што соопштуваат од претпријатието, измените се прават со цел подобра организација и поголема ефикасност на мрежата, во согласност со Одлуката за интегриран тарифен систем.
Граѓаните ќе можат да ги видат деталните распореди по линии и постојки на официјалната веб-страница на ЈСП непосредно пред почетокот на нивната примена.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата