Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја отфрли можноста за одржување предвремени парламентарни избори во текот на оваа година, нагласувајќи дека фокусот на Владата останува на консолидација на државата и спроведување на клучните реформи. Одговарајќи на новинарски прашања за неговите претходни изјави, тој појасни дека негова желба е мандатот да се заокружи со редовни избори во пролетта 2028 година.
„Некои од партиите се исплашија од таа изјава за избори. Но, мојот став го знаете, оваа година избори нема. Оваа година е реформска и година на консолидирање. Јас би сакал да имаме редовни избори кои ќе се случат во пролетта 2028 година“, изјави Мицкоски.
Иако премиерот посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како партија е секогаш подготвена за изборен соочување, дури и ако тоа се случи во 2027 година, тој потенцираше дека приоритетите во моментов се од друга природа. Според него, фокусот е ставен на испорачување резултати, зголемување на економската активност и подобрување на стандардот на граѓаните, додека споменувањето на изборите се однесувало на законските рокови кои предвидуваат гласање на секои четири години.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата