На 6 февруари 2026 година, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против: Б.Д. (33), М.Д. (29), С.Е. (25) сите од Скопје, за сторени кривични дела: „злосторничко здружување“ (чл. 394 став 1 од КЗ) „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ (чл. 396 од КЗ).
Во рамките на предистражната постапка, е утврдено дека осомничените се организирале за одмазда на своите браќа, кои минатата година беа обвинети и осудени за кривично дело „терористичка организација“. Според прибраните докази, лицата дејствувале координирано како група со заедничка идеолошка определба, заснована на радикални исламистички наративи, а биле преземени активности за собирање парични средства од земјава и странство за наводна пропаганда и активности поврзани со Исламска држава како и набавка на оружје

По наредба на Основниот кривичен суд Скопје, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, вчера биле извршени претреси на домови и други простории на повеќе локации во Скопје.

При претресите биле пронајдени и одземени:
- автоматска пушка со две рамки и 44 куршуми
- два пиштола со три рамки и 14 куршуми
- ловна пушка и воздушна пушка
- рачна димна бомба
- муниција од различен вид и калибар
други доказни материјали
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата