Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во
вечерашното најново издание на емисијата „360 степени“ на МРТВ1, повторно ги
повика сите политички партии кои се декларираат како опозициони, на национално
и државно единство против власта.
„Јас повикав на национално единство, антивладино единство и
сите политички партии кои што се на македонската политичка сцена се декларираат
како опозициски политички партии се добредојдени“, рече Мицкоски.
Додаде дека, поради националното и државното единство, тој
во еден момент ги повика дури и Социјалдемократскиот сојуз за и тие да покажат
капацитет и да испратат порака против ДУИ до нивните симпатизери и членови, што
за жал, беше одбиен од Димитар Ковачевски и од Стево Пендаровски.
„Дури и во еден момент јас и СДСМ го повикав да конечно
почне да покажува знаци дека има кај нив капацитет за анти ДУИ порака кон
нивните симпатизери и гласачи, бев одбиен за жал и навистина, многу жалам што
таа шанса ја пропуштија и Пендаровски и Ковачевски. Но, ајде да заврши 8 мај,
да ги видиме бројките и потоа можеме поконкретно да зборуваме“, истакна
Мицкоски.
Во однос на изборните резултати на 8 мај, Мицкоски истакна
дека очекува убедлива победа и дека според гласовите освоени во првиот круг од
претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ би имала 53 пратеници, додека после вториот
круг претседателски избори и прв круг парламентарни, очекува ВМРО-ДПМНЕ да
освои над 55 пратеници.