logo
logo
logo

Порака до иселениците од Форумот на повратници

Вратите на Македонија се широко отворени - ДОЈДЕТЕ СИ ДОМА, БИДЕТЕ СВОИ НА СВОЕТО!

Vecer | 24.12.2025

Вратите на Македонија се широко отворени - ДОЈДЕТЕ СИ ДОМА, БИДЕТЕ СВОИ НА СВОЕТО!

Ние не можеме да се лутиме на оние кои заминаа, ги разбираме, знаеме дека заминаа затоа што сакаа подобро образование за своите деца, подобра работа, достоинствена плата, стабилен живот и тоа е нормална човечка потреба, борба за иднина, но исто така знаеме и нешто друго – колку и да оди човек далеку, срцето го влече назад, затоа што, како што мудро вели нашиот народ, каменот тежи на своето местото, само дома си свој. Вие што сте денеска тука сте жив доказ за тоа – рече премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на Форумот на повратници во Македонија.

Мицкоски рече дека нивното враќање не е симболично и е порака дека корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува.

– Вашето враќање не е симболично, тоа е суштинско. Тоа е порака дека Македонија не е заборавена, дека корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува без разлика на годините и далечината – рече премиерот.

Мицкоски рече дека многумина заминале затоа што немале избор, не затоа што сакале да ја напуштат татковината туку затоа што животот, времето и околностите ги натерале да бараат подобри услови, сигурност и перспектива.

– Денеска зборувам пред луѓе кои носат посебна тежина во ова општество, луѓе кои ја знат татковината одвнатре и од надвор. Луѓе кои заминале, и што е најважно, луѓе кои се вратиле тука и започнале нова успешна приказна. Вие покажавте дека искуствата и знаењата стекнати надвор не се губат кога ќе се вратите, туку добиваат смисла, стануваат темел за нови бизниси, нови работни места, нови идеи и нова енергија во нашата економија. Ни треба секој што верува дека оваа земја може и мора да биде подобро место за живеење. Преку вашоиот пример денес испраќаме порака до сите наши луѓе ширум светот – Ве разбираме, Ве почитуваме, вратите Ви се широко отворени – рече премиерот Мицкоски на Форумот на повратници во Македонија.

- Само дома си свој, само дома твоето име твојот труд имат длабок корен и трајна вредност, вие што денес сте тука, сте жив доказ за тоа. Вие покажавте, знаењето и искуството стекнато надвор не се губат кога ќе се вратите туку добиваат смисла стануваат темел за нови бизниси, нови работни места, нови идеи и нова енергија во нашата економија. Земјата не е денес земја што стои во место, Македонија се менува и се развива, економијата расте, се инвестира во индустријата, во енергетиката, во во инфраструктурата. Се градат патишта, фабрики, капацитети што носат додадена вредност. Се отвара простор претприемништво за иновации за младите и за ониое што сакаат да вложат и да создаваат дома. Како влада нашата обврска е да создадеме услови, да обезбедиме стабилност, правна сигурност, поддршка за инвестици и јасна насока за развој. Но ниту една стратегија ниту еден план не може да успее без луѓето, државата не се гради само со институции, државата се гради со умови, со знаења, со искуство, со храброст да се преземе одговорност. Затоа велиме гласно, ни требат сите, ни треба секој Македонец кој сака да придонесе, ни треба секој што научил нешто надвор и е подготвен тоа да го вложи дома, ни треба секој што верува дека оваа земја може и мора да биде подобро место за живеење“.

Мицкоски испрати силна порака до иселениците дека вратите на Македонија се широко отворени за сите.

- Преку вашиот приемер, денес испраќаме порака до сите наши луѓе родум од Македонија ширум светот. Ве разбираме, ве почитуваме и вратите се широко отворени. Не ветуваме лесен пат, но ветуваме смисла. Нудиме можност да се биде дел од нешто поголемо, нудиме шанса трудот да не биде само личен успех туку и придонес за заедницата и идните генерации. Домот не е совршен, се гради, се поправа, а нашата заедничка Македонија денес е токму тоа, дом што се гради во кој има место за сите свои луѓе. Вие сте дека може, вие сте пример дека враќањето е сила и вие сте гласот што најдобро може да им каже на другите дека каменот кога ќе се врати на своето место тежи најмногу, рече премиерот Мицкоски во своето обраќање.

По неговото излагање следуваа шест обраќања на Македонци, повратници од странство, кои решиле да го продолжат својот живот во Македонија, и тука да основаат свои бизниси во различни сфери. На форумот присуствуваа и се обратија претставници и раководители на повеќе државни институции, министерства и агенции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk