logo
logo
logo

Направиле „судар“ во автопералница, па викнале полицајци „на увид“

Vecer | 24.12.2025

Направиле „судар“ во автопералница, па викнале полицајци „на увид“

Тројца тетовци се обиделе да извлечат пари од осигурителни куќи инсценирајќи судир на два автомобила во една автопералница во Тетово.

Бидејќи потоа се обиделе да ги измамат полицајците што дошле на увид, СВР Тетово им поднесе кривична пријава против А.Б.(44), М.А.(39) и Г.Ш.(25), сите од Тетово. Ги товари за измама.

Инцидентот се случил на 16 декември минатата година. Имено, тие се договориле и во круг на автопералница на ул.„Маршал Тито“ во Тетово фиктивно ги судриле возилата „бмв“ со швајцарски национални ознаки и „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со цел да наплатат осигурување од осигурително друштво.

The post Направиле „судар“ во автопералница, па викнале полицајци „на увид“ appeared first on NetPress.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk