Врховниот суд
денеска одржа јавна седница по жалбата на осомничениот Александар Ѓорчевски,
татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје
за мерката притвор.
Ова е втора јавна
седница пред Врховниот суд по мерката притвор на таткото на Вања, откако во
март годинава Врховен ја одби како неоснована жалбата против мерката притвор на
Ѓорчевски, по решението на Апелациониот суд Скопје.
Бранителот на
осомничениот Ѓорчевски, адвокатот Владимир Туфегџиќ, на седницата рече дека од
последната одржана јавна седница до денеска, околностите воопшто не се
променети.
– Затоа останувам
при жалбените наводи дека решението со кое е продолжена мерката притвор е
донесено без доволно образложенија во кои не се наведува ниту еден доказ со кој
се докажува зошто овој човек би требало да остане во притвор, рече тој.
Дополни дека
осомничениот не може да се даде во бегство затоа што важноста на патната
исправа му истекла и дека тој активно учествува во истрагата.